Ливерпул и Вулверхемптон ќе играат повторен натпревар во ФА Купот откако на денешниот дуел немаше победник, мечот заврши 2-2.
Резултатот беше отворен во 26. минута кога голманот на Ливерпул, Алисон направи голем кикс, буквално му ја подаде топката на Гуедеш кој погоди за водство на Вулвс од 1-0.
Пред самиот крај на првото полувреме, одлична асистенција од Александер Арнолд до Нуњез кој погоди за израмнување на 1-1.
По седум минути игра во вториот дел Салах постигна гол за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1.
Во 66. минута Хван Хи-Чан беше прецизен и го изедначи резултатот на 2-2.
На десетина минути до крајот Тоти постигна гол за Вулвс, но погодокот му беше поништен поради офсајд.