Килијан Мбапе ќе остане во Пари Сен Жермен. Иако се чека само објава на одлуката, Французинот се одлучил да ја прифати понудата на тимот каде што е актуелен играч, а ваквата вест ја објави добро информираниот новинар Џјанлука до Марцио.
„Одлуката не се однесува само на финансиите. Неговите блиски луѓе изразија желба да остане во Париз“, изјави Ди Марцио и објави дека ПСЖ веќе организирал приватна забава по вечерашниот меч против Мец за да ја прослави одлуката на Мбапе.
Тој потпиша петгодишен договор каде што ќе зима над 6 милиони евра плата на месечно ниво, плус бонуси, а за самиот потпис на новиот договор ќе добие над 130 милиони евра.
Воедно, Мбапе ќе одлучува за доаѓањето на новите тренери, како и играчи кои што ќе доаѓаат во првакот на Франција. Ваков договор во историјата на фудбалот досега нè е виден, а времето ќе покаже дали оваа одлука е правилна.