„Милионерите“ тргнаа одлично во натпреварот и постигнаа гол по само пет минути игра, откако Џулијан Брант испрати силен удар по десната страна на голот, па Мануел Ноер не можеше да одбрани.
Меѓутоа, радоста на домаќините не траеше долго затоа што само четири минути подоцна Левандовски погоди во мрежата на својот поранешен клуб за 1-1.
Во продолжение од средбата Ерлинг Халанд имаше шанса да стрела за ново водство на Дортмунд, но неговиот удар заврши покрај стативата, по што следеше казна од Кингсли Коман кој погоди за 2-1.
На почетокот на второто полувреме Џуд Белингам додаде во казнениот простор, по што Халанд погоди за 2-2.
Уште по неколку шанси имаше на двете страни, но во 76. минута ВАР-технологијата досуди пенал за Баерн, кој го реализираше Левандовски за триумф на Баварците од 3-2.