Луди квалификации во Џеда на ГН на Саудиска Арабија за утрешната главна трка. Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата, но само благодарение на Макс Верстапен. Имено Холанѓанецот имаше “ѕверско“ возење, на правите делови разви дури и 343 км на час, во последниот круг од третата квалфикациска рунда. Имаше три десетинки подобро време од светскиот првак и требаше само да го заврши кругот, но тој притискаше на педалата за гас и на стотина метри пред целта се удри во оградата. Тоа значеше дека му го препушти првото место на стартот на утрешната трка на својот лут ривал. Огромно беше разочарувањето кај водечкиот во генералниот поредок. Имено ова може да го чини дури и титула, ако се знае дека пред него утре на стартот ќе биде и Валтери Ботас, вториот возач на Мерцедес.
https://twitter.com/F1/status/1467202686516973573?s=20Сето ова наговестува супер, супер интересна трка на ГН на Саудиска Арабија која почнува во 18:30 часот. Верстапен има 8 бодови предност пред Хамилтон во генералниот пласман.