Макс Верстапен е победник на трката за Големата награда на Мајами, следен од лидерот во генералниот пласман Шарл Леклер. На подиумот е уште еден возач на Ферари, Карлос Саинз.
Леклер добро почна и го задржа првото место, но Верстапен можеше да биде задоволен бидејќи го престигна второпласираниот Саинц, па имаше отворен пат до најголемиот конкурент од Ферари. Веќе во деветтиот круг успеа да го премине лидерот во генералниот пласман.
Таа предност Верстапен ја одржуваше смирено и се повеќе ја зголемуваше. Сепак, во 41-от круг дојде до судир помеѓу Гасли и Норис и безбедносното возило излезе на патеката и ја искомплицира трката.
Леклер дојде веднаш зад Верстапен и во неколку наврати се обиде да го нападне, но безуспешно. Во генералниот пласман, Леклер и натаму води со 104 бода по петтата трка сезонава, додека Верстапен дојде до 85 бодови.