Актуелниот европски шампион во футсал, Португалија, го совлада домаќинот Холандија со 4:1 во вториот натпревар од групата А на Европското првенство во футсал, додека Украина беше убедлива со 6:1 против Србија.
Головите за Португалија ги постигнаа Садуни, Пани Вела и Афонсо Жесус, додека единствениот гол за Холандија го постигна Бујузон.
Во првиот натпревар во групата А, Украина веќе водеше со 4-0 по првото полувреме против Србија, а Украинците постигнаа уште два гола во вториот дел за конечни 6:1 .
Прва во групата е Португалија со шест бода, а втора Украина со три бода,колку што има и третата Холандија. Во последното коло во оваа група на 28 јануари ќе играат Холандија – Србија и Португалија – Украина.
Група А: (недела, 23 јануари):
Србија – Украина 1:6 (0:4)
Португалија – Холандија 4:1 (2:0)
Табела:
1. Португалија 2 2 0 0 8: 3 6
2. Украина 2 1 0 1 8: 4 3
3. Холандија 2 1 0 1 4: 6 3
4. Србија 2 0 0 2 3:10 0