Македонската карате репрезентација (во традиционално карате) е најуспешна на ИТКФ балканскиот шампионат, со освоени вкупно 135 медали -40 златни, 39 сребрени и 56 бронзени медали.

Медалите се освоени во сите возрасни категории и натпреварувачки дисциплини во поединечна и екипна конкуренција.

Најуспешни каратисти со освоени повеќе златни, сребрени и бронзени медали во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција се: Димитри Влахо, Антонија Белазелкоска, Сашо Спасовски, Бојан Богдановиќ, Берта Милевска, Мила Младеновска, Јана Милевска, Марта Димковска, Изабела Пренковска.

Кај најмладите со одличја се закитија: Камелија Недев, Филип Недев, Матеј Мангаровски, Срна Вапски, Мариастела Топалоска, Софиа Топалоска, Софија Јарчевска, Ива Спасеновска, Лука Крстевски, Дамјан Трајковски, Георги Кокорманов и Максим Поп Трпев.

На балканскиот шампионат учествуваа 274 каратисти од 6 држави, а Македонија беше најуспешна и настапи со 80 каратисти. Шампионатот се одржа на 8 и 9 април 2023 година во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“.