Десет млади фудбалери во моментов имаат вредност над 100 милиони евра според специјализираниот „Трансфермаркт“ и ниту една од ѕвездите со најголема вредност не е над 24 години, а интересно го нема на списокот најдобриот на денешницата Лионел Меси.
Според најпознатиот интернет-сајт за трансфери, највредните десет фудбалери се Килијан Мбапе, Ерлинг Браут Халанд, Џад Белингам, Винисиус Жуниор, Џамал Мусиала, Букајо Сака, Фил Фоден, Педри, Виктор Осимен и Федерико Валверде.
Од оваа десетка, само тројца имаат зголемување на вредноста, а за Осимен и Мусиала тоа значело влез во ова друштво.Само тројца се на 24 години – Мбапе, Осимен и Валверде, а најмлад е Белингам со 19 години.