Со пет нови поени, тој забележа напредок од 18 позиции и се искачи на 457-та, највисоко досега во сениорската кариера. Сите останати рангирани тенисери од Македонија, се под 1.100. позиција, забележаа пад. Бодови освои Обрад Марковски, но во рангирањето за двојки, со што се качи 13 позиции и се наоѓа на 933.
Во женска конкуренција, благ напредок забележа и Лина Ѓорческа, која сега го држи 213. место на светот.