Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ убедливо триумфираше против чешкиот тенисер Вит Коприва со 3-0 во сетови, односно 6-1, 6-2 и 6-2 на стартот на Вимблдон.
Ѓоковиќ се врати на теренот на најдобар можен начин по повредата и операцијата во Париз, иако многумина предвидуваа дека српскиот тенисер нема да биде подготвен за настап пред Олимписките игри во Париз.
Чешкиот тенисер немаше шанси покрај расположениот Ѓоковиќ, кој ја држеше играта под своја контрола и лесно ги освојуваше гемовите.
Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против победникот од мечот меѓу Џејкоб Фернли и Алехандро Моро Кањас.