Актуелниот освојувач на парискиот грен слем турнир Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ се повлече од турнирот и нема да настапи против Каспер Руд, а тоа значи дека го губи првото место на АТП-листата.
Ѓоковиќ реши да се повлече од турнирот во Париз по резултатите од магнетната резонанца откако се здоби со повреда на маратонскиот меч против Франсиско Серундоло.
На Србинот му настрада десното колено, па не е во состојба да продолжи со настапите на вториот гренслем-турнир во сезоната. Ова значи дека Ѓоковиќ ќе му го препушти престолот на Јаник Синер кој сè уште е во игра за титулата.
Синер може и дополнително да им избега на конкурентите доколку го освои Ролан Гарос, зашто тогаш од понеделник би имал дури 10.725 бода.
Шпанецот Карлос Алкараз не е во трка за првото место дури и да го освои турнирот, зашто и во таков случај не би можел да го преземе тронот.