Македонскиот тенисер Калин Ивановски славеше со 2-0 во сетови, 7-6 и 6-2 против Германецот Петер Гојовчик и обезбеди пласман во осминафиналето на челинџер-турнирот во Братислава, кој се игра за награден фонд од 145.000 евра.
Ивановски го нападна сервисот на Гојовчик уште во вториот гем од дуелот, но пропушти три брејк-топки, по што сетот го доби со 7-3 во тај-брејкот.
Искусниот Гојовчик не можеше да му парира на талентираниот македонски тенисер, кој направи два брејка на сервисот на Германецот и со 6-2 ја потврди победата.
Ивановски во осминафинале на турнирот ќе се судри против подобриот од дуелот меѓу Томас Махач и Мартин Дам.