Данил Медведев, засекогаш ќе ја памети денешната победа над Холгер Руне (7-5, 7-5) во финалето на турнирот во Рим, пред се поради фактот што му ја донесе првата мастерс-титула на земјена подлога.
За Русинот ова е трофеј на 20. различна дестинација, додека 20-годишниот Руне не успеа да стане најмладиот победник во „вечниот град“ по Рафаел Надал во 2006 година, кога победи со 19 години.
Медведев со овој успех истовремено се искачи на втората позиција на АТП-листата, прескокнувајќи го Новак Ѓоковиќ, кој досега беше најдобар. Првопласиран од утре ќе биде Карлос Алкараз.