Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски го спаси тимот на АЕК Ларнака од пораз против Пафос (1-1).
Гостите дојдоа до предност од 0-1 со голот на Квида во 38. минута. Нашиот Тричковски влезе на почетокот на второто полувреме и во 93.минута го постигна голот за конечни 1-1.