Фудбалерите на Наполи дојдоа до триумф против Кремонезе (3-0), за шеста победа во низа и голем чекор кон освојување на Скудетото.

Гостинската мрежа прв ја затресе грузиецот Кварацкелија уште во 22. минута, а Осимен во 65. минута го удвои водството на наполитанците, за мирен финиш и три бода. Пет минути подоцна во игра влезе нашиот Елиф Елмас, и со прекрасниот погодок во 79. минута ја запечати победата. Тој веднаш потоа со рацете направи гестакулација во форма на турското знаме, во знак на поддршка на народот во Турција по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа најмалку 30.000 жители.

 

 

За Наполи ова беше 19. победа сезонава во италијанската елита, има само еден пораз и две нерешени средби. Наполитанците сега на контото имаат 59 бода, дури 16 повеќе во однос на Интер, кој има меч помалку.