Неверојатна сцена ни доаѓа од Полска.
Густата магла причина за тешките услови за одигрување на прволигашкиот натревар во Полскиот шампионат.
Никој не виде како топката ја минува гол-линијата, а самиот голман остана збунет.
Се се случи во 94. минута од натпреварот помеѓу Раков и Пиаст, а гледачите дури после некое време дознаа дека мрежата сепак се тресела.
Раков славеше, а стрелец на „невидливиот гол“ беше Матеуш Вдовјак.