Водечкиот тим во Примера, Реал Мадрид со спектакуларниот гол на Чуамени во второто полувреме славеше минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Мајорка и се зацврсти на врвот на табелата во Ла Лига.

Еден гол за три бода на Реал Мадрид од гостувањето кај Мајорка. Тимот на Анчелоти имаше неколку добри шанси и за поголема победа.

Клучниот момент се случи по три минути игра во второто полувреме кога Чуамени биеше од огромна далечина, топката можеби удри и фудбалер на Мајорка и заврши во аголот од голот на домаќините за водство на Реал Мадрид од 1-0.