Пред крајот на полувремето почна вториот пресврт со голот на Гризман, за потоа Ридигер да го комплетира со комичниот автогол за кој придонес имаше и Кепа. На пет минути пред крајот на натпреварот, на 3-3 израмни Карвахал и го однесе мечот во продолженија.
До 116. минута важеше тој резултат, а потоа Хоселу и Брахим Дијаз го совладаа Облак и го однесоа Реал во големото финале.
Натпреварот во Ријад донесе прекрасен фудбал, со многу голови и шанси и на двете страни ,со три пресврти. Фудбалските фанови имаа можност да уживаат во неверојатен дуел на кој беа постигнати осум голови.
За трофејот Реал ќе се бори в недела, против подобриот од мечот меѓу Барселона и Осасуна кој се игра во четврток во 20 часот.