Македонската репрезентација загуби против моќната Франција со десет голови разлика, но со повремени блесоци покажа дека и во нашиот табор постои квалитет достоен за големите натпреварувања.
Таков беше случајот со нашиот пикер Милан Лазаревски, кој изведе брз контранапад и постигна феноменален гол и со небесен скок од 12 метри ја закова топката во противничкиот гол. Ударот на играчот на Вардар беше исклучително силен, а брзината на топката беше 125 километри на час.