Ракометарите на Македонија во натпревар кој го одбележа светски рекорд и 55.000 гледачи кратко даде отпор на Франција, па доживеа пораз (29-39) на отворањето на ЕП во Германија. . За тимот на Лазаров сега следи уште еден дуел со гигант, против домаќинот Германија во Берлин.
Џонов беше изненадувањето на Лазаров и со два гола израмни на 4-4 во седмата минута. Дуелот мина во надигрување со многу грешки, но нашата одбрана и капитенот Митревски делуваа поразиграно од францускиот бедем. Кузмановски не реализира зицер за +3 при 8-10 за Македонија.
Во воведните десет минути од вториот дел, Французите ја одржуваа високата предност. Беше 23-17, а Митев погоди повторно на убав начин и намали на 23-18.
Продолжението од средбата донесе брза игра и гол за гол, во 45. минута беше 28-21, и практично мечот веќе беше готов затоа што фаворитот на хартија не дозволи ниту еднаш нашиот национален тим да се доближи на помала негатива.
Најдобар стрелец кај Македонија беше Жарко Пешевски со седум гола, пред Иван Џонов со пет реализации, Митревски имаше 10 одбрани. Кај Франција, прв стрелец беше Уго Дескат кој даде седум гола, шест во првото полувреме и беше прогласен за МВП на мечот, а Дилан Нахи со шест гола, и Дика Мем погоди пет пати.Голот на Митев и одбраната на Митревски: