Ракометарите на Македонија одлично го започнаа дуелот против светскиот шампион Франција на ЕП во Германија, водеа со 10-8, но полувремето заврши во полза на галските петли 13-17. По три голови постигнаа Талески, Кузмановски и Џонов додека голманот Митревски беше одличен на голот со шест одбрани.
Падна светскиот рекорд на еден ракометен натпревар, на отворањето на Европското првенство (ЕП) во Германија.
Германците променија фудбалски стадион во арена за ракомет, а на трибините има рекордни 55.000 гледачи. Навистина прекрасна атмосфера и меч за уживање за македонскиот тим предводен од селекторот Кирил Лазаров.
„Меркур-Шпил Арената“ во Дизелдорф е еден од стадионите на кој ќе се игра и Европското првенство во фудбал оваа година, важи за мултифункционален објект.