Француската ракометна репрезентација стигна до важна победа од 34-32 против Хрватска во втората фаза од Европското првенство (ЕП).
Хрватите имаа добар старт на дуелот и водство од 7-5, по кое следеше пад во играта и Франција со мини-серија од 3-0 направи пресврт (8-7). Во продолжение од првото полувреме се водеше голема битка, а на паузата двете екипи заминаа со нерешен резултат (18-18).
Франција имаше предност во текот на целото второто полувреме, иако Хрватска неколку пати намали на еден гол негатива и се обидуваше да стигне до израмнување, но едноставно немаше доволно сила.
Најзаслужен за победата на Французите беше Дика Мем со шест голови, додека Срна постигна исто толку за Хрватска.
Хрватска е четврта со еден бод во групата 1, додека Франција е лидер со четири бодови.