Ракометарките на Франција беа подобри и со 31-28 ја совладаа Норвешка во финалето на Светското првенство и се реваншираа за поразот од пред две години.
Франција имаше водство на почеткот (3-2), по што Норвешка ја презеде иницијативата и направи пресврт (10-9). Сепак, од средината на првото полувреме, Французинките влегоа во ритам и со неколку голови по ред стигнаа до предност од 20-17 на полувреме.
Норвешка не се предаваше и постојано го напаѓаше голот на Франција, намали на 25-26 до половината на вториот дел, меѓутоа потоа следуваше серија од 3-0 на новиот шампион кој создаде недостижна разлика (31-28).
Хорачек и Грандво постигнаа по пет голови за новите шампиуони, додека Морк со осум голови беше најефикасна кај Норвешка.