Реал Мадрид го демолира Вилјареал на „Сантијаго Бернабеу“ со 4-1 и се искачи на лидерската позиција на табелата во Ла Лига со 42 бода, еден повеќе од Џирона, која го пречекува Алавес. Дамка на триумфот секако остави повредата на Давид Алаба, кој го напушти теренот во првото полувреме, а на негово место влезе Начо.
Џуд Белингам го отвори резултатот во 25.минута со удар со глава по неверојатната асистенција на Лука Модриќ. Родриго зголеми на 2-0 во 37.минута.
JUDE BELLINGHAM SCORES AGAIN! https://t.co/K2cT1huu3r
— TC (@totalcristiano) December 17, 2023
Моралес во 54.минута постигна гол за Вилјареал, но десет минути подоцна Брахим Дијаз со соло продор успеа да врати два гола предност за „кралевите“.
Одличната игра со гол ја круниса и Лука Модриќ во 68.минута.
Домаќините ја оправдаа фаворитската улога, а Џуд Белингам, ја продолжи својата неверојатна серија и стигна до 13. гол сезонава.
Реал сега има бод повеќе од Џирона, а уште поважно, има седум бода повеќе од Барселона.