Добри вести ни доаѓаат од Хрватска. Кам бекот на Аријан Адеми на теренот по повеќе од еден месец пауза. Сепак тоа не му донесе на тимот на Динамо полн плен во големото дерби на Хрватскиот шампионат против лидерот на табелата Осијек. Иако „Модрите“ играа на домашен терен сепак, ремито од 1:1, е конечен епилог на дуелот кој во многу ќе решава за конечната табелат во годинешното првенство на Хрватска.
Нашиот интернационалец го започна мечот од клупата, но Осијек постигна гол, па во вториот дел, Адеми беше внесен во игра како засилување за последните половина час. Сепак, Адеми придонесе единствено за реми, и освојување на еден бод, додека пак, Стефан Ристовски остана цел меч на клупата.
Со овој освоен бод тимот на Осијек е лидер со 31. бод, а Динамо засега трет со 28.