Шпанскиот град Памплона ја доживува една од најголемите природни катастрофи во историјата.

Шпанските медиуми тврдат дека постојат реални шанси натпреварот меѓу Осасуна и Барселона да биде одложен поради невидените поплави во Памплона.

Веќе 15 дена не престануваат обилните дождови, се излеа реката Арга и поплави поголем дел од градот, а метеоролозите најавуваат дека во текот на викендот непрекинато ќе врне, а многу е можно и мечот меѓу Осасуна и Барселона да биде одложен.

Стадионот „Ел Садар“  се наоѓа во безбедна зона, патем од неодамна има најсовремен одводен систем во случај на лошо време,сепак приодите кон стадионот се целосно поплавени.

Граѓаните на Памплона минуваат низ најтешкиот период во овој век, куќите и зградите претрпеа големи штети, па фудбалот во овој град е целосно во втор план.

Засега нема официјални потврди, но ако ја видите снимката од Памплона, ќе ја сфатите сериозноста на ситуацијата.

Инаку, натпреварот Осасуна – Барселона е на програмата во недела од 16.15 часот.

https://twitter.com/i/status/1469379561746051073

https://twitter.com/i/status/1469351424228270084