Кристијано Роналдо погоди од пенал за водство на Манчестер јунајтед од 2-0 на гостувањето кај Шериф во рамки на Лигата на Европа.

За Португалецот тоа беше историски погодок, бидејќи е негов прв во кариерата во второто по ранг клупско натпреварување.

Роналдо има 140 голови во Лигата на шампионите во својата кариера, а оваа сезона за прв пат игра во Лигата на Европа со Манчестер јунајтед.