Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе меѓу дваесетте најголеми фудбалери во историјата на Леванте по бројот на натпревари за клубот во сите конкуренции. Барди има 150 настапи за клубот од Валенсија од кои 136 во Ла Лига, а другите во Купот на кралот.
Со настапот против Атлетико на „Метрополитано“ Барди ја презема 20-тката на списокот истиснувајќи ги Антонио Калпе и Рубен Гарсија.
Барди пристигна во Леванте летото 2017 година од унгарски Ујпешт за 1,5 милиони евра и моментално е втор странец со најмногу настапи за клубот, веднаш зад некогашниот репрезентативец на БС Коска Феликс Етиен.
Со оглед дека до крајот има уште 14 кола, Барди може да го помине и Серхио Постиго кој има 152 натпеевари, Хорхе Бари кој запиша 157 натпревари или Тоњо Гарсија кој одигра 162 натпревари пред да замине во Еибар ова лето.