Арно Данџума беше херој на Виљареал, бидејќи запиша хет-трик. Првиот гол го постигна од пенал во 35.минута, а само четири минути подоцна од игра зголеми на 0-2.
Луис Мила намали на 1-2 за домашните во 61.минута, но потоа Данџума повторно погоди од пенал за 1-3. Мои Гомез го постави конечниот резултат во судиското продолжение.