Вест Хем и Њукасл ремизираа 1-1 во рамки на првиот денешен натпревар од 26.коло во Премиерлигата.

Крег Досон го доведе домашниот тим во водство во 32.минута, но Џо Вилок го израмни резултатот во судиското продолжение на првото полувреме.

Њукасл останува надвор од опасната зона на табелата на 17.место со 22 бда. Момците на Еди Хоу се во одлична серија од шест натпревари без пораз. Вест Хем е на 5.место со 42 бода.