Карло Анчелоти се одлучи за постава со тројца стопери во ситуација кога ја измени тактиката во отсуство на Карим Бензема, но потоа продолжи да менува и на полувреме ги извади Крос и Карвахал, а во игра ги стави Камавинга и Диаз.
– Започнавме со одбрана со тројца, се обидовме да играме добро еден на еден, но не излезе како што треба. Ова не беше наша ноќ. Жалиме за прикажаното, но имаме предност и сега треба да се одмориме и да се подготвиме добро во наредните две седмици. Со двете измени на полувреме се обидов да играме повисоко и да вршиме пресинг, но не излезе добро и тоа е моја вина.
– Ова е „Ел Класико“, никој не сака да загуби на ваков меч, загубивме една битка, но имаме предност и мора да останеме мирни. Нема потреба да се прави драма, денеска бевме непрепознатливи и се излезе лошо. Да го заборавиме овој меч, вината за овој резултат е моја, – гласи првата изјава на Анчелоти.