Македонскиот вицепрвак Академија Пандев ја доби полска Легија Гдањск, а екс-првакот Шкендија ќе игра против поранешниот ерменски првак Арарат во првото квалификациско коло во Конференциската лига, реши денешната ждрепка во Нион.
Пандевци за своето второ учество во Европа го добија можеби и најтешкиот ривал од групата на носителите, зашто против Легија ќе се борат за следната рунда и целта им беше да се помине едно коло откако во 2019 година на дебито во Европа испаднаа експресно со два порази со по 0-3 од босански Зрињски.
Шкендија, пак, немаше многу среќа од многу послабите можни ривали во групата на носители за да им падне најсилниот од нив, ерменски Арарат, кој во изминатите сезони се покажа многу тврд орев и за далеку посилни екипи, па тетовци пред себе сега имаат противник против кого ќе мора да одиграат на врвно ниво ако сакаат пласман во следното коло.
Првите мечеви се на 7 јули, Шкендија е домаќин на првиот меч, а Пандевци гостуваат. Реваншите се на 14 јули.