Опстанокот во Ла Лига за Леванте и Енис Барди, кој денеска доби пола час од тренерот останува реално достижен откако малиот клуб од Валенсија со пенал во 90-та минута дојде до многу важен триумф со 2-1 против Реал Сосиедад, па се приближи на три бода од сигурната зона на три кола до крајот на Ла Лига.
Гонзало Мелеро го реализираше пеналот што две минути претходно го доби Леванте, па со ВАР проверка беше потврден, за овој клуб да дојде до шестиот сезонски триумф и сега со 29 бода да избега од последното место, само три од Кадиз и Мајорка кои се во сигурната зона, но со меч помалку.
Кадиз утре игра против Елче, а Мајорка против Гранада, која е на бод од оваа двојка во сигурната зона, па Леванте се враќа во завршницата во борбата да остане дел од шпанската елита.
Хосе Мирамон погоди за водство на Леванте во 53-та минута, а Давид Силва во 66-та израмни, за на крај пенал да го реши победникот.
Сосиедад со поразот остана на 56 бода на шестото место, но сега Вилјареал и Атлетик Билбао добиваат шанса да се вратат во битката за место во Европа во идната сезона.