Екипата на Евертон го победи Кристал Палас со 3-2 и обезбеди опстанок во Премиер лигата, а тоа предизвика голема еуфорија кај домашните навивачи.

Затоа по мечот тие го преплавија теренот на Гудисон Парк, а во целото славје, еден од нив почна да го провоцира менаџерот на противничкиот тим Патрик Виеира. Французинот издржа неколку секунди без да се осврне, но нешто очигледно ја прели чашата.

Кога веќе не можеше да издржи, Виеира го грабна противничкиот навивач и почна да го клоца. Дури и кога се собраа повеќе, тој не застана, но сепак одлучи да не прави поголем проблем и по неколку удари си го продолжи патот.