По пристигнувањето во САД, Меси изнајмил стан вреден 9 милиони долари, а потоа по неколку месеци ја нашол идеалната куќа за своето семејство и ја купил за 10,75 милиони долари. Станува збор за вила на брегот на Форт Лодердејл. Имотот е 3.200 квадратни метри, а вилата има 10 спални соби, две пристаништа за глисери и бродови, и базен.
Колку е силен Меси како бренд најдобро говори податокот дека од неговото доаѓање во Форт Лодердејл најмногу профитирал неговиот прв сосед, американскиот претприемач Патрик Бет-Дејвид.
„Меси се пресели веднаш до мојата куќа. Сега сите сакаат да купат куќа во оваа област. Ние сме затворена заедница на островот, има само еден влез. Ние сме многу безбедна заедница, се надевам дека така ќе остане, изјави Патрик Бет-Дејвид за американските медиуми.
„Откако е Меси тука, секогаш има бродови со странци кои доаѓаат да ги разгледуваат куќите. Досега, според денешните цени, вредноста на мојата куќа е зголемена за околу 25 милиони долари. Сите сакаат да живеат овде“.