Реал Мадрид се пласира во финалето на Кралскиот куп на Шпанија откако го демолира вечниот ривал Барселона на „Камп Ноу“ со 0-4. Неверојатен меч одигра Карим Бензема, кој постигна хет-трик, а и асистираше за првиот гол за „кралевите“ што беше дело на Винисиус Жуниор.
Барселона имаше предност од 1-0 по првиот меч на „Бернабеу“, а Реал Мадрид возврати со полна мера на вечерашниот реванш.
Во последните моменти од првиот дел, Винисиус Жуниор го отвори резултатот и донесе израмнување во вкупниот резултат.
Карим Бензема зголеми на 0-2 по одличната акција на Лука Модриќ, со шут од 16 метри во 50.минута, а осум минути подоцна погоди од пенал, што го изнуди Винисиус Жуниор.
Бензема ја затвори серијата во 81.минута, повторно на асистенција на Винисиус Жуниор.
Реал Мадрид во финалето на Кралскиот куп ќе игра против Осасуна.