Екипата на Свонси загуби на вчерашното гостување кај Бристол Сити (0-1) во натпревар од 37-то коло од Чемпионшип дивизијата во Англија, кој долго ќе се памети, но не по резултатот туку по ужасниот потег на еден од фудбалерите на овој тим.
Станува збор за Бразилецот Роналд, кој го изведе можеби најлошиот корнер во историјата на фудбалот. Тој сакаше да додаде до соиграч во близина, но наместо до него топката ја упати директно во аут. Ниту тој самиот ниту другите во тимот не можеа да поверуваат дека такво нешто се случува во второто по ранг натпреварување во „колевката на фудбалот“.
Свонси по овој пораз остана на 15. место на табелата со 45 бодови, седум повеќе од првиот под линијата за испаѓање.