Езгијан Алиоски вечерва го имаше своето деби за екипата на Ал Ахли во Првата лига во Саудиска Арабија. Нашиот репрезентативец беше стартер и ги одигра сите 90 минути. Ал Ахли играше на гости против Ал-Хазем а натпреварот заврши нерешено 2:2. Тимот на Алиоски се врати од 0:2 негатива а за тоа помогна и Џани откако прецизно стрелаше од белата точка и намали на 2:1. До крајот гостите постигнаа уште еден гол за 2:2 што беше и конечен резултат.