Комо екипата на Сеск Фабрегас направи изненадување откако со 3-2 дојде до победа на гостувањето кај Аталанта. Ова беше прв триумф за Комо оваа сезона во Серија А.
Дуелот меѓу Аталанта и Комо требаше да се игра во понеделникот, но беше празакажан поради силниот дожд во Бергамо.
Комо имаше знаци на напредок од првото до четвртото коло, а тоа кулминираше со денешна победа над фаворизираната Аталанта.
Аталанта поведе со гол на Запакоста во 18. минута, и со водство од 1-0 за домаќините заврши првиот дел.
Во второто полувреме на самиот старт, во 46. минута Стрефеца изедначи на 1-1.
Во 54. минута Нико Паз биеше од далечина, топката го удри Колашинац, го промени правецот и заврши во голот на Аталанта за комплетен пресврт и водство на Комо од 2-1.
Само четири минути подоцна Паз асистира до Фадера кој донесе водство на Комо од 3-1.
Во осмата минута од судиското продолжение Лукман реализира пенал за Аталанта и ги постави конечните 3-2.