Леванте повеќе од 60 минути играше со фудбалер повеќе на теренот, но ниту тоа не беше доволно за да оствари победа на градското дерби против Валенсија.
„Лилјаците“ поведоа со голот на Дуро и веднаш после тоа црвен картон заработи капитенот Гаја, по што тренерот на Леванте реши да фрли се на една карта и направи четири офанзивни измени на стартот на вториот дел.
Енис Барди беше првата измена и првиот играч кој влезе на теренот на „Месталја“, а Македонецот за жал беше фудбалерот кој имаше и најмалку среќа на градската дерби пресметка.
Леванте на крајот успеа да стигне барем до бод со голот на Дуарте, но пред да се случи тоа, Енис Барди испрати неверојатен „проектил“ кој го совлада Мамардашвили, но кој заврши во гредата од голот.
Силината на ударот беше навистина импресивна и малку фалеше Барди да постигна страшен гол, кој ќе ги разбудеше гостите малку порано. На крајот, освоениот бод има премало значење за „фенерџијата“ Леванте кој останува на шест бода од сигурната зона.