Фудбалерите на ПСЖ гостуваа кај Ленс во 17. коло од француската Лига 1.
Втор натпревар по ред Парижаните не успеваат да дојдат до победа а денешниот може да бидат и среќни што не загубија.
Првото полувреме заврши без голови а во второто во 62. минута од натпреварот Меси падна на тревата и бараше фаул, по што и сите негови соиграчи сигнализираа до судијата дека треба да ја прекине играта. За фаул не стануваше ни збор а тоа не му пречеше на домашниот играч Фофана да испрати незгоден удар од 25 метри и по несмасната интервенција на Навас домаќините стигнаа до водство.
ПСЖ се мачеше со крајот на натпреварот а најзаслужен што непоразени се враќаат дома е холанѓанецот Вајналдум кој со гол со глава во 91.минута донесе бод за својот тим.
https://twitter.com/Sachk0/status/1467243056680226821?s=20 https://twitter.com/birdiefootball/status/1467250936200445953?s=20