Фудбалерите на Ливерпул го победија Челзи и го освоија ФА Купот во 2022 година по подоброто изведување пенали.

Во регуларниот дел резултатот беше 0:0, а по подоброто изведување пенали Ливерпул го совлада Челзи со 6:5.

Ова е осми пат во историјата тимот на Ливерпул да го освои ФА Купот и првпат во кариерата на Јирген Клоп да го освои овој трофеј.

Кога ќе погледнеме дека по 120 минути фудбал мечот заврши без голови, а прашањето за победникот се решаваше со пенали, би се рекло дека не видовме многу.

Ова, сепак, не е од тие натпревари бидејќи видовме навистина убав фудбал и многу можности, особено во регуларното време од 90 минути, а единствено нешто што фалеше е што немаше голови.

Почетокот на натпреварот го одбележа Ливерпул, бидејќи Луис Диаз беше нерешлива енигма за Чалоба на стартот од мечот и лесно добиваше шанси, па „црвените“ можеа да поведат уште во 4. минута, а во следните пет пристигнаа уште големи шанси , но Челзи некако успеа да се одбрани.

По 15-тина минути фудбалерите на Челзи се ослободија од почетниот притисок и почнаа малку по малку да го освојуваат просторот, а потоа да создаваат шанси, па ја издвојуваме онаа од 28. минута кога Алонсо можеше да му донесе водство на својот тим но не ја искористи шансата.

Во 33. минута Ливерпул имаше голем пех откако се повреди Мо Салах, а до крајот на првото полувреме бележиме уште една одлична шанса која Диого Јота ја пропушти.

Второто полувреме започна со одлична шанса за Челзи, Маркос Алонсо фати волеј во шеснаесетникот, но неговиот удар заврши покрај голот.

Потоа Челзи ја погоди гредата од слободен удар, па Луис Диаз имаше уште една колосална шанса, а потоа Жота се обидува да се закани но безуспешно.

Луис Диааз не се смири и продолжи да му прави проблеми на Челзи, шутираше во горниот десен агол и за малку беше непрецизен. Ливерпул можеше да победи во 84. минута, но Робертсон од непосредна близина ја погоди стативата. .

До крајот на регуларниот дел немаше голови, а во 91. минута се случи уште еден пех за Ливерпул, бидејќи се повреди Вирџил ван Дајк. Кога зборуваме за продолженијата, половина час не видовме речиси ништо.

Играчите беа уморни и нималку расположени да ризикуваат, па се беше решено во пенал серијата. Ливерпул успеа да биде поконцентриран и помирен од Челзи и со резултат 6:5 го освои овој рулет и по осми пат во историјата го освои ФА Купот. Мејсон Маунт беше трагичарот за Челзи откако неговиот пенал во седмата серија го одбрани Алисон , додека претходно промашија Азпиликуета за Челзи и Мане за Ливерпул . Гркот Цимикас во седмата серија беше прецизен и му го донесе трофејот на Ливерпул .

https://www.youtube.com/watch?v=T0q1ZCDoQ7k