Интер ја победи Барселона со 1-0 во дербито од 3. коло во Лигата на шампионите, но Каталонците не го прифаќаат поразот бидејќи чувствуваат дека се оштетени за пенал во 92. минута од натпреварот. Дензел Дамфрис несмасно реагираше и со десната рака во му ја симна топката од главата на Фати.

https://twitter.com/INIE8TAZO/status/1577407143581749249?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1577407143581749249%7Ctwgr%5E5649597b1f3d8eab2ff2794b97877a135802b126%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fje-li-barcelona-u-92-minuti-protiv-intera-ostecena-za-kazneni-udarac%2F2400547.aspx

Скокаа сите од Барселона, скокна клупата предводена од тренерот Чави, но словенечкиот судија Славко Винчиќ не реагираше. Ако се земе предвид дека Винчиќ можеби беше поставен на теренот така што не можеше да ја види ситуацијата, се поставува прашањето зошто никој од ВАР-салата не се огласи.

Овој пораз на Барселона го потресе тренерот Чави Ернандез, па Шпанецот жестоко ги удри судиите по пресот. Имено, тој ги гледа како одговорни за поразот.

“Лут сум поради ситуацијата во која требаше да се вратиме во живот. Тоа е неправда. Веќе кажав и претходно дека судиите мора да дадат објаснувања за нивните одлуки. Ништо не разбираме. Судијата треба да зборува по натпреварот и кажи зошто не досуди пенал“, рече тој.