Интер никогаш не го победил Јувентус во финале на Купот на Италија, но тоа никогаш се само два финални натпревари, и тоа играни многу одамна.

Јуве и Интер, чии дуели се нарекуваат „Дерби на Италија“, во финалето на Купот меѓу себе играле само двапати, во 1959 и 1965 година. Во двата случаи победувала Старата дама, а Нераѕурите се надеваат дека вечерва во Рим ќе им се посреќи.

Пред 57 години, кога последен пат овие клубови играа финале, победи Јуве со 1-0 со гол на Џампаоло Меникели. Во 1959 во Милано, Јуве практично како гостин, славеше со 4-1.