Уругваецот Луис Суарез се врати дома. Тој потпиша за Насионал, а денеска предизвика вистински навивачки земјотрес во Монтевидео.
Легендарниот голгетер Суарез по неверојатната кариера во Европа се врати во клубот каде настапуваше во 2005 и 2006 година. Тој одигра 48 натпревари и постигна 15 гола за Насионал пред да замине во Гронинген, а потоа и да стекне светска слава во Ајакс, Ливерпул, Барселона и во Атлетико Мадрид.