„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан ќе има солиден буџет за трансфери во летниот преоден рок.
Сопствениците на клубот, фондот „Елиот“ одобрил голем буџет за летна селекција, а доколку клубот биде продаден на арапскиот фонд тој буџет додатно ќе се зголеми.
Скоро 50 милиони евра Милан ќе потроши на доведување на двете ѕвезди од Лил, Свен Ботман и Ренато Санчез. Двајцата треба да бидат замена за Ромањоли и Кеси кои заминуваат на крајот на сезоната.
Приоритет е исто така засилување на десната крилна позиција, тука главна мета е Марко Асенсио, кој го напушта Реал а неговата сума е околу 30 милиони евра.Во нападот треба да пристигне Дивок Ориги од Ливерпул без обештетување, а најголема ѕвезда во преодниот рок треба да биде Пауло Дибала, кој е слободен агент.