Битолски Пелистер со победа од 2-1 на гостувањето кај Башкими го завери пласманот во Првата лига, Тетекс доживеа вистински дебакл откако како домаќин беше поразен со 0-7 од Беса.
Пелистер ја оствари целта се врати во елитата, битолчани пласманот меѓу најдобрите го остварија со победа кај Башкими од 2-1.
Минатото коло тоа го направи Беса која денеска го декласираше Тетекс со 7-0. Тетовскиот тим води голема борба за опстанок, а ваквиот пораз дополнително го разниша тимот.
Детонит денеска загуби на гостувањето кај Охрид со 3-1. Тимот од Плачковица е на бод до третото место и пласман во бараж за пласман во Првата лига.
Осогово со 2-1 славеше над Скопје и освои три важни бода во борбата за опстанок. Саса со 1-0 го победи Кожуф.
Новаци со 6-0 беше подобар од Караорман, а Победа на свој терен загуби од Арсими со 3-0. Немаше голови на мечот меѓу Беласица и Вардар Неготино.
Табела: Беса 73, Пелистер 67, Детонит 56, Арсими 50, Охрид 42, Скопје 40, Вардар Неготино 39, Беласица 38, Башкими 38, Кожуф 37, Новаци 31, Победа 28, Осогово 26, Тетекс 24, Каменица Саса 23, Караорман 15.