Македонскиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски со гол од пенал во 68. минута му донесе победа на Абердин од 1-0 над Сент Џонсон.

За Миовски ова беше 15-ти гол оваа сезона во шкотската Премиерлига.

 

Тоа беше единствениот погодок на натпреварот со кој Абердин на домашен терен го совлада Сент Џонсон со 1-0. Покрај голот Македонецот имаше уште неколку убави шанси за гол, но не успеа да погоди по вторпат.

Ова за македонскиот напаѓач е гол број 22 во тековната сезона, а петнаесетти во Премиер лигата. Со тоа Миовски е на чекор до ланскиот учинок во првенството на Шкотска (16 гола).