Аталанта оваа сезона веројатно нема да се избори за излез во Европа ниту во Конференциската лига поради очајната форма. Вечерва во Бергамо загуби од Верона со 1-2 во рамки на 33.коло.
Федерико Чекерини ги доведе гостите во водство во судиското продолжение на првиот дел. По само 10 минути игра во вториот дел Аталанта веќе имаше 0-2 откако Теун Копмајнерс си постигна автогол.
Почесниот гол за домашниот тим го постигна младиот дефанзивецот Џорџо Скалвини во 82.минута.
За Аталанта ова беше трет пораз во низа во Серија А и сега се наоѓа на 8.место на табелата со 51 бод. Верона е место подолу со 48 бодови.