Фудбалска еуфорија во Македонија, но и голема почит за нас покажува целиот свет. За првпат македонските репрезентативци остварија ваков успех, а тоа не заборави да го потенцира и ФИФА.
Македонија вчера го победи Исланд со 3-1, два гола постигна Елиф Елмас, а стрелец беше и Езгјан Алиоски.
Елмас беше стрелец и во најголемото изненадување во овие квалификации за СП, триумфот на Македонија на гости против Германија (1-2).
„Елмас со два гола обезбеди победа од 3-1 за Македонија која заврши пред Романија и обезбеди бараж за СП. Горан Пандев се пензионираше, а кој може да ја заборави победата со Германија која тој ја инспирираше?“, стои во објавата на ФИФА.
https://twitter.com/FIFAWorldCup/status/1459958510557569032?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1459958510557569032%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfudbal.mk%2Ffifa-pandev-se-penzionirashe-no-koj-mozhe-da-ja-zaboravi-pobedata-nad-germanija-shto-toj-ja-inspirirashe%2F